Корисничко име Лозинка Пријави се
17.7.2012

Карл Луис се сомнева во Болт

Најдобриот атлетичар на дваесеттиот век избран од страна на МОК смета дека Јусеин Болт тешко дека ќе го повтори успехот од Пекинг.

Карл Луис, најдобриот атлетичар на дваесеттиот век избран од страна на МОК, а според мислењето на многумина, и еден од најдобрите спортисти, единствениот човек кој триумфираше четири пати по ред во скок во далечина на Олимписките игри и освои четири златни медали на Олимписките игри во Лос Анџелес на 100 и 200 метри, скок во далечина и штафета четири пати на 100 метри, смета дека Јусеин Болт тешко дека ќе го повтори успехот од Пекинг.

„Тешко е да се остане на врвно ниво долг временски период. Од таа причина се сомневам во успехот на Болт. Луѓето сакаат да ве победат, бидејќи сте шампион. Конкуренцијата во Лондон ќе биде силна, тој против себе ќе го има сонародникот Јохан Блејк, како и Џастин Гетлин, тие ќе бидат голем предизвик за Болт“, рече Луис, кој на Олимписките игри освои девет златни еден сребрен медал.