Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2012

Капитенот на Лион се враќа на терените

Овој викенд фудбалерите на Лион ќе гостуваат кај Нанси на натпреварот од дваесет и шестото коло во францускиот шампионат, а составот на Реми Гард сигурно ќе бара три бод за да може и понатаму да остане во игра за третата позиција, која последна води во Лигата на шампионите.

Се споменуваше дека дваесет и двегодишниот дефанзивен играч ќе може да игра во минатото коло, кога Лион во спектаклот со ПСЖ одигра нерешено 4-4, но тој сепак беше изоставен од составот. Сега во континуитет ги заврши сите тренинзи и ќе биде во стартните единаесет.
Состојбата на Дејан е задоволителна, а тој без проблем ги одработи сите тренинзи, па ќе патува со нас и, најверојатно, ќе биде во првиот тим“, рече тренерот Гард.

Најнови вести