Корисничко име Лозинка Пријави се
21.2.2012

Диего се повреди, ќе паузира еден месец

Диего, бразилскиот играч за врска во редовите на Атлетико Мадрид, нема да биде во составот на својата екипа за возвратниот натпревар од Лигата на Европа против Лацио бидејќи заработи повреда на десниот бутен мускул.

Диего го напушти теренот за време на натпреварот со Спортинг Хихон, кој заврши 1-1, и веднаш по мечот беше подложен на медицински испитувања, кои покажаа дека го скинал мускулот на десната нога.
„Диего нема да биде во составот за натпреварот со Лацио“, стоеше во официјалното соопштение на клубот од Мадрид, без да дадат детали колку време ќе отсуствува од терените.
Според неофицијални информации, Бразилецот ќе биде надвор од терените еден месец, а тоа значи дека ќе го пропушти и неделниот натпревар од Примера лигата против Барселона.

Најнови вести