Корисничко име Лозинка Пријави се
07.2.2012

Микел почна со тренинзи

Џон Оби Микел, играчот за врска на Челзи, се врати на тренинзите за првпат по два месеци.

Репрезентативецот на Нигерија требаше да му биде на располагање на тренерот Андре Вилаш-Боаш уште на средината на минатиот месец, но поради сè уште не заздравената повреда, од медицинскиот тим беше побарано тој да одмора уште две седмици.
Микел се повреди на ремито на својата екипа против Тотенхем во декември минатата година, но тогаш се говореше дека повредата не е сериозна и дека тој ќе паузира само две седмици.
Сепак, ова се одлични вести за португалскиот стратег, кој остана со огромни проблеми во средниот ред на својата екипа откако на листата на повредени се најде и Френк Лампард.

Најнови вести