Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Ангеловски: Очекувам да ја оправдаме улогата на фаворити против Гибралтар

Македонија е подготвена за старт на новото натпреварување Лигата на нациите, а гостувањето во Гибралтар е добра шанса победнички да го почнеме циклусот од којшто очекуваме многу

Гибралтар е првиот противник на македонската репрезентација на премиерата на Лигата на нациите, а очекувањата во македонската репрезентација се големи - и победа против Гибралтар, но и атак на првото место во Д сегментот, што гарантира настап на Европското првенство 2020 година.
Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот со репрезентативците кои треба да ја оправдаат улогата на апсолутен фаворит против Гибралтар на шести септември и потоа да го добијат дербито во нашата група со Ерменија, три дена подоцна.
„Насочени сме кон првиот предизвик и мечот со Гибралтар. Очекувам со победа да ја оправдаме улогата на фаворити. Повторно ги повикав во репрезентацијата Егзон Бејтулаи и Мите Цикарски, играчи што можат да ни помогнат во дефанзивата. Се надевам дека Адеми ќе биде подготвен, а во иднина очекувам и Хасани да биде со нас. Верувам дека ќе се  врати во ритам, откако потпиша за Ал Раед во Саудиска Арабија. Со нас е и Дарко Велковски, иако имавме проблеми со Риека, поради неговата повреда. Сепак, јас сум селектор и секогаш ги бранам интересите на репрезентацијата на Македонија“, изјави Игор Ангеловски.
Првиот дуел со Гибралтар ќе се игра на стадионот „Викторија“, што е прв настап за домаќините на свој терен во официјален меч. Досега Гибралтар како домаќин најчесто играше во Фаро, Португалија.

 

Најнови вести