Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2018

Најталентираниот македонски центар ќе игра за Барселона

Теодор кој е роден 2004 година, е син на поранешниот репрезентативец Тони Симиќ

Младиот македонски кошаркар, Теодор Симиќ, во следната сезона ќе го носи дресот на големата Барселона. Тео е роден 2004 година, висок е над 2 метри, и според познавачите, има потенцијал еден ден да заигра и во НБА лигата. Во Македонија, реткост се високи играчи, и затоа Симиќ е богатство кое треба да се чува и негува, а играњето во Шпанија може да биде голем плус за него. 
За младиот Симиќ кој играше за Партизан Водно санс, се интересираа и други гиганти како Панатинаикос, но Барса беше најконкретна и му понуди договор. Одговорот требаше да дојде во текот на летото, и според информациите, ќе биде позитивен. 
Теодор Симиќ е син на Тони Симиќ, екс центарот на МЗТ Скопје, Работнички, Вардар Осигурување, Лирија, Фени Индустри, Гостивар и македонската репрезентација. 
Член на сениорскиот тим на Барса од Македонците бил само Владо Илиевски, а ако и Симиќ ги повтори неговите стапки за некоја година, тоа би било одлично. Симиќ пред неполна година беше и во тренинг центарот на Барселона, каде имаше можност да се запознае и да се фотографира со ѕвездите на првиот тим како Анте Томиќ и Хуан Карлос Наваро. 

 

Најнови вести