Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Претседателите на ПСЖ, Јуве и Барса на состанок во Мадрид

Една од темите на разговори беа можните трансфери помеѓу овие клубови

Првите луѓе на фудбалските клубови Барселона, Пари Сен Жермен и Јувентус, беа „фатени“ како излегуваат од еден мадридски хотел, и тоа предизвика шпекулации дека можеби се преговарало за разни трансфери. 
Рабио е фудбалер на ПСЖ за кој се заинтересирани каталонците, и тој сака да го напушти „градот на светлината“ за да им се придружи на Меси и другарите. Од друга страна, „светците“ во своите редови го посакуваат крилото Дембеле од Барселона. Дембеле во минатата сезона не ги исполни очекувањата, а на неодамнешниот шпански суперкуп даде убав гол, па можеби Барселона сака да го задржи или да извлече повеќе пари за него. 
Ал Келаифи и Бартомеу имале средба пред почетокот на состанокот на асоцијацијата на европски клубови. Таму бил и Ањели од Јуве. И тој го сака Рабио, па можеби имало наддавање кој би платил повеќе за него. Преодниот рок во Италија заврши, Јуве веќе не може да купува. Рабио кој има 23 години, следното лето е слободен, и не сака да потпише нов договор, па ризикува да не игра цела сезона.