Корисничко име Лозинка Пријави се
21.6.2016

Блан си оди од ПСЖ

Тренерот на ПСЖ Лоран Блан ќе го напушти фудбалскиот клуб до крајот на седмицата, изјави денес неговиот агент Жан Пјер Бернс.

Блан во февруари го продолжи договорот со клубот на уште две години, но и покрај тоа ќе замине од „Паркот на принцовите“.
„Пред завршувањето на оваа седмица Блан и ПСЖ ќе се разделат. Разговараме со директорите на клубот и сè се одвива во одлична атмосфера“, изјави Бернс .
ПСЖ во последните две години освои две тројни руни, но екипата минатата сезона беше елиминирана во четврт-финалето од Лигата на шампионите.
Француските медиуми шпекулираат околу заминувањето на Блан откако претседателот на клубот Насер Ал Келаифи минатата сезона ја оцени како неуспешна.

Најнови вести