Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2016

Ибрахимовиќ: Бевме одлични, но не сме задоволни

Напаѓачот на ПСЖ Златан Ибрахимовиќ во победата во реванш натпреварот учествуваше со гол и асистенција на Адриен Рабиот.

„Одлично игравме, многу стабилно. Бевме трпеливи во поседот на топката и кога имавме можност да нападнеме, постигнавме два гола. Тоа беше доволно за победа. Сè на се одигравме како што сакавме, не беше лесно и затоа мораме да внимаваме. Напаѓачите на Челзи можат да сторат сè што ќе посакаат. Ние играме добро, а до каде ќе стигнеме, не знам. Сè уште не сме задоволни“, нагласи шведскиот фудбалер.
Анхел ди Марија изјави дека „светците“ сосема заслужено поминаа во четврт-финалето во Лигата на шампионите со двократниот триумф над Челзи.
Шампионот на Франција во двата дуела со „сините“ славеше со по 2-1, а во реванш натпреварот до триумфот дојде со головите на Адриен Рабиот и Златан ибрахимовиќ.
„Пресреќни сме, оваа победа нам ни донесе голема среќа и работата која ја вложивме во оваа сезона се исплатеше вечерва. Го демонстриравме својот талент, го контролиравме натпреварот во целост и заслужено поминавме понатаму“, изјави Ди Марија.
Со Ди Марија се согласи и неговиот соиграч Давид Луиз, кој нагласи дека парижаните се веќе подготвени за следните предизвици.
„Ова беше многу тежок натпревар за нас, но не ја променивме својата филозофија. Се обидувавме да ја држиме топката кај нас и да правиме простор за голови. Ова е тимска победа. Сите знаат колку е тешко да се игра во Лондон, но останавме смирени и постигнавме голови во клучни моменти. Ќе дадеме сè од себе да победиме и во следните натпревари, спремни сме за тоа“, нагласи Луиз. 

Најнови вести