Корисничко име Лозинка Пријави се
12.8.2018

Дојде денот кога Роналдо за прв пат ќе го облече црно-белиот дрес

По точно два месеци и два дена откако Кристијано Роналдо официјално го напушти Реал Мадрид и потпиша за Јувентус, Португалецот ќе дебитира за „старата дама“

Кристијано Роналдо од неодамна се приклучи на тренинзите на тимот на Јувентус, по настапот на Мундијалот во Русија. Со првиот тим тренираше само неколку пати, не учествуваше во пријателските натпревари во текот на летото, па дури денес ќе има можност за прв пат да го облече црно-белиот дрес.

Се работи за традиционален пријателски натпревар, а силите ќе ги одберат првиот тим на Јувентус против резервите. Овој меч се игра секоја година почнувајќи од далечната 1955 година, а ќе се игра во мало гратче Вилјар Пероса во близина на Торино.

Секоја година  на овој меч присуствува целата делегација на клубот, а денес имаат причина повеќе да бидат присутни на овој настан, ќе игра Кристијано Роналдо.

Најнови вести