Корисничко име Лозинка Пријави се
03.1.2012

Пинто во Барселона уште една година

Од актуелниот европски и шпански шампион Барселона соопштија дека постигнале договор за продолжување на соработката со резервниот голман Хосе Мануел Пинто.

Актуелниот договор на триесет и шестгодишниот голман му трае до ова лето, а новиот ќе го врзе за „Камп ноу“ до јуни наредната година. Точниот датум кога овој фудбалер ќе стави потпис на договорот сè уште не е познат.
Пинто во Барселона пристигна во 2008 година од Селта. Оттогаш е резерва на Виктор Валдес, а оваа сезона настапи на три натпревари, два против Хоспиталет во Краскиот куп и еден во Лигата на шампионите против БАТЕ Борисов.

Најнови вести