Корисничко име Лозинка Пријави се
05.5.2018

Јунајтед поразен од Брајтон, „галебите“ остануваат во Премиер лигата

Екипата на Манчестер јунајтед изгуби на гостувањето од Брајтон со 1-0 во 36-тото коло на Премиер лигата.

„Црвените ѓаволи“ го претрпеа седмиот пораз оваа сезона, додека „галебите“ со оваа победа практично  обезбедија опстанок бидејќи имаат осум бода повеќе од 18-тиот Саутхемптон и 10 од Стоук на 19-тото место.
Манчестер јунајтед сега има пет бода повеќе од Ливерпул, кој се наоѓа на третото место.
Херој на Брајтон на овој натпревар беше Паскал Грос, кој го постигна единствениот погодок во 57-мата минута од натпреварот. Мурињо се обидуваше со промени на теренот, но не успеа да го избегне поразот од „галебите“.
Пред голот на Грос, Манчестер можеше лесно да дојде до водство преку Погба кој излезе еден на еден со Метју Рајан.  Голманот на Брајтон одлично го одбрани ударот на Французинот и по седум минути следуваше казната на Грос.
Играчот за врска шутираше со глава од блиску, а Рохо се најде кај линијата на голот за да ја исфрли топката и да ја отстрани опасноста. Сепак, стоперот на Јунајтед ја одби топката, но таа ја помина линијата и голот беше признат.
Екипата на Жозе Мурињо во наредното коло гостува кај Вест хем, а Брајтон кај Манчестер сити.

 

Најнови вести