Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
05.3.2018

Модриќ, Крос и Марсело ќе бидат во авионот за Париз

Тројцата фудбалери на Реал од Мадрид, за коишто имаше сомнение дека може да не бидат подготвени за реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ, официјално се во тимот кој ќе се подготвува за средбата и кој ќе патува за Париз.

Навивачите на Реал можат да земат здив бидејќи и официјално е потврдено дека Тони Крос, Лука Модриќ и Марсело имаат авионски билети и ќе патуваат за Париз. Сите тројца беа повредени, но Марсело од нив заигра прв, и тоа во претходното коло на Примера лигата. Бразилскиот бек се повреди токму во првиот натпревар против ПСЖ, а влегувањето од клупата против Хетафе му е прв натпревар оттогаш.
Лука Модриќ ги пропушти последните четири натпревари во Примера лигата поради повреда на мускулот, а Тони Крос имаше проблеми со лигаментите, па не играше на пет натпревари. Но и двајцата го играа првиот натпревар со „светците“.
Модриќ и Крос се многу важни фудбалери во играта на Реал бидејќи даваат стабилност на средината на теренот, па ако тие не бидат во тимот, ПСЖ може да добие многу простор на средината на теренот.
Левиот бек Марсело изгледа дека ќе биде во стартните 11, со оглед на тоа дека немаше никакви болки, а дури и асистираше за едниот гол.
Покрај Реал, и ПСЖ има проблеми бидејќи Нејмар ќе го гледа натпреварот од трибините поради повредата на стапалото, а прашање е колку ќе биде подготвен Килијан Мбапе.

Најнови вести