Корисничко име Лозинка Пријави се
05.3.2018

Мајсторијата на Меси го сруши Атлетико, Барса зачекори кон титулата

Фудбалерите на Барселона го совладаа Атлетико Мадрид со 1-0 (1-0) на „Камп ноу“ и на 11 кола пред крајот, направија огромен чекор кон шампионската титула на Шпанија.

Еден од клучните натпревари на сезоната го реши Лионел Меси со одличниот гол од слободен удар во 26-тата минута, што беше негов 600-ти погодок во кариерата, а 539-ти во дресот на каталонскиот клуб. Покрај тоа, Меси постигна 61 гол за репрезентацијата на Аргентина.
Барселона во целост го контролираше ритамот на натпреварот во првото полувреме, не им дозволи на Мадриѓаните ниедна шанса пред голот на Марк-Андре тер Штеген.
Во второто полувреме „јорганџиите“ беа значително поагресивни, константно кружеа играчи на Диего Симеоне околу казнениот простор на Барселона, но ниту во таква ситуација не успеваа да го загрозат Тер Штеген.
Во самата завршница Барселона пропушти неколку солидни шанси да го реши натпреварот од контранапад, но сепак дојде до минимален резултат, кој ѝ донесе предност од осум бода во однос на Ателтико.
Барселона забележа огромна победа со оглед на кризата во последно време и веројатно си го отвори патот кон титулата.

Најнови вести