Корисничко име Лозинка Пријави се
29.1.2018

Меси: Заминувањето на Нејмар ни ја засили одбраната

Нејмар беше важен дел од „убиственото“ трио на Барселона, но минатото лето ненадејно прејде во ПСЖ за рекордни 222 милиони евра.

„Без Нејмар сме побалансиран тим. Неговото заминување нè натера да го смениме начинот на игра, изгубивме многу од напаѓачкиот потенцијал, но помогна во одбраната. Моментно сме одлично „вооружени“ на средината на теренот, а тоа нè прави посилни во одбраната“, објасни Меси.
Аргентинецот смета дека во моментов најдобри клубови во Европа се лидерот во Премиер лигата Манчестер сити и првиот тим во француската Лига 1 ПСЖ:
„Сити моментно е еден од најсилните тимови во светот. Исто е и со ПСЖ. Сепак останува уште многу да се игра, не треба да се отпише ниту Реал Мадрид затоа што имаат огромен квалитет. Тука е и Баерн Минхен, уште еден тим со кој ќе се бориме до крај. Но, Сити и ПСЖ се најдобри“, заврши Меси.

Најнови вести