Корисничко име Лозинка Пријави се
22.8.2017

Нов удар за Барса – го призна поразот со Кутињо

Во случајот со Филипе Кутињо од Ливерпул, Каталонците наидоа на цврст став на клубот од „Енфилд“ дека Бразилецот не е на продажба, а тоа мора да го прифати и играчот.

Иако се очекуваше со одењето на Нејмар во ПСЖ, Барселона да го ангажира играчот за врска на Ливерпул, клубот од „Енфилд“ навистина остана на зборовите коишто ги кажа на почетокот, дека Кутињо не се продава.
Шпанските медиуми последните два дена пишуваат дека Каталонците поради тоа се откажале и дека ќе си заминат од Ливерпул во потрага за засилување на друго место. „Црвените“ ја одбија и третата понуда која изнесуваше цели 130 милиони евра, односно дури 25 повеќе од претходната.
„Фенвеј груп“, во чија сопственост е Ливерпул, остана имун на барањата на каталонскиот гигант, кој сега целосно се сврти кон Осман Дембеле од Борусија Дортмунд како замена за Нејмар.
Интересно е тоа што и Дортмунд одби повеќе од сто милиони евра за неговиот млад напаѓач. Кога на тоа ќе се додадат и неодамнешните шпекулации дека Сити би можело да ја активира клаузулата на Меси од 300 милиони евра, јасно е дека ова лето за Барса беше многу турбулентно.
За тоа време, единствено Зинедин Зидан и Реал Мадрид задоволно ги тријат рацете на стартот на новата сезона, во која ќе се обидат да ги одбранат шампионската титула на Шпанија, Лигата на шампионите и Кралскиот куп.

Најнови вести