Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2011

Венгер против Олимпијакос ќе го одмори половина тим

Иако гостува кај Олимпијакос, во склоп на шестото коло од групата Ф во Лигата на шампионите, Арсенал веќе го осигури не само пласманот во понатамошната фаза туку и првото место на табелата, па затоа Арсен Венгер одлучи да поштеди неколку клучни фудбалери.

Во Лондон останаа Робин ван Перси, Војќех Шченсни, Лоран Косељни, Тео Волкот и Жервињо.

Сепак, Французинот се одлучи да понесе и неколку искусни фудбалери, како што се: Јоси Бенајун, Андреј Аршавин, Томас Вермелен и Томаш Росицки.

Алекс Окслејд-Чемберлен, кој минатата недела заигра за „топчиите“ во поразот во Карлинг купот од Манчестер сити, најверојатно, ќе добие шанса за настап. Во конкуренција се и Чу-Јунг Парк и Маруан Шамах

Најнови вести