Корисничко име Лозинка Пријави се
23.3.2017

Фергусон: Доминацијата на Шпанците е при крај

Алекс Фергусон, еден од најдобрите тренери во историјата, изјави дека смета дека доминацијата на шпанските клубови во европските натпреварувања ќе биде прекината кога Лионел Меси и Кристијано Роналдо ќе бидат при крај на кариерата.

Легендарниот Шкот изјави дека смета дека во секое време постоел клуб или земја коишто биле за  скалило над сите.
„Доминацијата е циклична. Во деведесеттите доминираа Милан и Италија. Баерн и Ајакс беа најдобри во седумдесеттите, Ливерпул во осумдесеттите. Англија кон крајот на минатата деценија константно имаше по тројца учесници во полуфинале, и тоа беше врвот на Премиер лигата“, изјави Фергусон за ЕСПН и додаде:
„Денес тоа се Шпанците. Во тоа нема сомнение. Но тоа може да се промени кога Роналдо и Меси ќе остарат. Кој ќе ги замени нив?“
Втора година по ред во четврт-финалето на Лигата на шампионите се пласира само еден англиски тим, додека во сезоната 2014/15 Премиер лигата немаше ниту еден претставник во најдобрите осум. За тоа време, шпанските клубови ги освоија сите европски трофеи во последните три години.

Најнови вести