Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2017

Кралски куп: Двајцата Суарес повторно одлични, Барса во полуфиналето

Екипата на Барселона е последниот учесник во полуфиналето на Кралскиот куп откако во двомечот го порази Реал Сосиедад со вкупен резултат 6-2.

По минималната победа во Сан Себастијан, Барселона беше убедлива пред своите навивачи и целосно заслужено се пласира меѓу четирите најдобри екипи.
Повторно, како и во натпреварот против Еибар во Примера лигата, одлични беа Денис Суарес и Луис Суарес. Шпанскиот играч за врска го постигна водечкиот гол во 17-тата минута, по асистенцијата на Уругваецот, кој беше прецизен во 63-тата, а Денис го постави конечниот резултат во 82-рата минута.
Во меѓувреме погодија Лионел Меси од пенал, како и Арда Туран, додека погодоците за гостите ги постигнаа Хуанми и Вилијан Хосе.
Освен Барса, во полуфиналето ќе играат уште: Селта од Виго, Алавес и Алетико Мадрид.

Најнови вести