Корисничко име Лозинка Пријави се
07.11.2016

Магичниот Меси стигна до бројката 500

Со погодокот во првото полувреме од натпреварот со Севилја, Лионел Меси дојде до бројката 500 голови во дресот на Барселона. Аргентинецот веќе е најдобриот стрелец во историјата – 469 голови постигна во официјалните, а 31 во пријателските натпревари.

„Лео има способност правилно да ја интерпретира секоја ситуација, не постои никој како него и секогаш се трудиме од Лео да го извлечеме она најдоброто“, изјави тренерот Луис Енрике по триумфот од 2-1 над Севилја.
Најефикасен беше во Примера лигата, каде што даде 320 погодоци, а мрежите на ривалите во Лигата на шампионите ги затресе 90 пати.
Во Кралскиот куп беше прецизен 39 пати, 12 голови даде во домашниот Суперкуп, пет на Светското клупско првенство на ФИФА, а три во Суперкупот на УЕФА.
„Меси може да игра на која било позиција и секогаш ќе биде тој кој прави разлика“, изјави неговиот соиграч Луис Суарес, а Уругваецот токму по асистенцијата на Меси го даде одлучувачкиот гол во Андалузија.
По Меси, најмногу голови за Барселона постигнаа: Паулино Алкантара (395), Џосеп Самитер (361), Сесар Родригес (303) и Ласло Кубала (281).

 

Најнови вести