Корисничко име Лозинка Пријави се
03.10.2016

Селта ја изненади Барселона

Селта на свој терен направи едно од најголемите изненадувања кои ги видовме оваа сезона и ја совлада Барселона со 4-3.

Се играше 33 минути кога на семафорот резултатот беше 3-0. Систо го постигна првиот гол за екипата од Виго во 22-рата минута, во 31-вата беше 2-0, по погодокот на Аспас, додека Матје постигна автогол за 3-0 за Селта.
Барселона нема изгубено во Примера лигата со три гола уште од 20-ти октомври 2007 година, тогаш од Вилјареал.
Во второто полувреме изгледаше дека Каталонците ќе ја прекинат надежта на навивачите на Селта, бидејќи прво погоди Пике во 58-мата минута, а потоа Нејмар од белата точка.
Но, во 77-мата минута од средбата, Ернандес по една комична грешка на голманот на гостите Тер-Штеген ја зголеми предноста на Селта за мирна завршница на својата екипа. Три минути пред крајот, резултатот беше 4-3, а стрелец повторно беше Пике. На Пике ова му беше 15-ти гол во Примера лигата од сезоната 2014/15 и е најдобар стрелец меѓу одбранбените играчи.
Селта минатата година ја совлада Барселона со 4-1.
По ремито на Реал со Еибар, Барселона имаше шанса да се издвои на првото место на табелата, но по овој пораз, падна на четвртото место. Прв е Атлетико Мадрид со 15 бодови, колку што има и Реал, додека трета е Севилја со 14, еден повеќе од Барселона.

Најнови вести