Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2016

Раниери: Плачеме поради Канте

Менаџерот на Лестер Клаудио Раниери призна дека многу тешко ја поднел продажбата на Нголо Канте во Челзи.

Францускиот репрезентативец се пресели во Лондон за 32 милиони фунти.
„Тешко ни е, плачеме поради тоа што си замина, но тоа не значи дека фудбалот во Лестер ќе престане. Плачевме и минатата година кога го загубивме Естебан Камбијасо“, изјави Раниери.
Канте одигра 37 натпревари за „лисиците“ минатата година, а останува да се види дали управата на англискиот шампион ќе успее да го задржи Ријад Марез, кој размислува да прејде во Арсенал.

 

Најнови вести