Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2016

Ибрахимовиќ нема да оди со Јунајтед во Кина

Новиот фудбалер на Манчестер јунајтед Златан Ибрахимовиќ нема да патува во Кина, на турнејата пред стартот на сезоната на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед во петок ќе игра со Борусија Дортмунд во Шангај, а три дена подоцна го чека средбата со Манчестер сити во Пекинг.
Англискиот репрезентативец, Вејн Руни, Маркус Рашфорд и Крис Смолинг ќе се најдат во тимот како и Давид де Хеа и Пади Мекнер по елиминацијата од Европското првенство во Франција во осминафиналето.
Шведскиот тим на Ибрахимовиќ на натпреварувањето заврши уште порано, но менаџерот на Јунајтед, Жозе Мурињо одлучи да му даде подолга пауза. Таков случај нема да биде со останатите двајца фудбалери кој го засилија тимот на Јунајтед претходните седмици, Ерик Баји и Хенрих Мхитарјан, кој ќе допатуваат во Кина.

Најнови вести