Корисничко име Лозинка Пријави се
17.10.2011

Фабрегас почнува со тренинзи

Европскиот шампион Барселона конечно доби некои добри вести од својот медицински тим. Сеск Фабрегас, најновото засилување од Арсенал, е подготвен да се врати на терените уште во следното коло од шпанското првенство.

Фабрегас ја заработи својата повреда на задниот дел од бутниот мускул уште на тренингот пред натпреварот со Спортинг Хихон, кој се играше на втори октомври, и оттогаш работи само на своето закрепнување.

Шпанецот уште денеска ќе му се приклучи на тимот, но, најверојатно, нема да конкурира за натпреварот од Лигата на шампионите против Викторија П’лзењ, туку на зелениот терен ќе се појави на мечот од деветтото коло против Севилја.

Најнови вести