Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2014

Марија Холмнер победничка на слаломот во Оре

Шведската скијачка Марија Пјетиле Холмнер е победничка на денешниот слалом возен во шведски Оре, кој е во рамките на Светското првенство.

Холмнер двете трки ги заврши за 1:43,65 минути, цели шест стотинки пред олимписката шампионка, Словенката Тина Мазе.
Ова е нејзината прва победа во Светското првенство по речиси четири години, а трета во кариерата.
Третото место го зазема уште една Швеѓанка, Фрида Кансдотер, со време 1:43,97 минути.