Корисничко име Лозинка Пријави се
04.9.2013

Саудискиот принц нов сопственик на Шефилд јунајтед

Саудискиот принц Абдулах бин Мосад бин Абдулазиз Ал Сауд стана косопственик на англискиот фудбалски клуб Шефилд јунајтед.

Саудискиот принц купи една половина од клубот од Кевин Мекејб и ќе биде потпретседател на Шефилд.
Четириесет и седумгодишниот Абдулах бин Мосад бин Абдулазиз Ал Сауд, внук на основачот на Саудиска Арабија, изјави дека вложува во разумно организиран, семеен клуб со голема историја и наследство.
Англиски клуб, кој е основан во 1889 година, не соопшти за колку пари е остварена продажбата.
Шефилд јунајтед игра во третото по ранг натпреварување во Англија, а во својата историја има освоено една англиска шампионска титула и четири пати триумфирал во ФА купот.