Корисничко име Лозинка Пријави се
10.4.2013

Сити ќе му понуди нов договор на Агеро

Фудбалскиот клуб Манчестер сити ова лето на Серхио Агеро ќе му понуди нов, петгодишен договор, пренесуваат англиските медиуми.

Сегашниот договор на Агеро со „граѓаните“ му истекува за три години, но во редовите на сè уште актуелниот шампион се одлучни во намерата да го задржат што подолго.
Челниците на Сити посебно се загрижени поради бројните шпекулации кои последните неколку седмици Агеро го поврзуваат со Реал од Мадрид.
Посебно значење на тие шпекулации им даде таткото на неговата сега веќе поранешна сопруга, Диего Марадона, кој истакна дека преминувањето во клубот од Мадрид за Агеро би било голема шанса.
Според сегашниот договор, Агеро заработува околу 200.000 евра седмично во Сити, а доколку потпише нов договор, платата ќе му остане речиси иста, но ќе добие поголеми бонуси кои ќе се одредуваат по постигнати голови и освоени трофеи. Неговата вредност моментно се проценува на околу 60 милиони евра.

Најнови вести