Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2012

Малуда тренира со младиот тим

Управата на Челзи одлучи Флоран Малуда, фудбалерот од средината на теренот, да тренира со младиот тим.

Малуда, кој не е во прв план кај Роберто ди Матео и сака да замине, не е регистриран за Лигата на шампионите, но теоретски може да настапи во Премиер лигата.
За 32-годишниот Французин беа заинтересирани неколку клубови од Бразил, од Премиер лигата и уште неколку европски клубови, но Малуда не најде доволно примамлива понуда, се претпоставува поради високата плата во Лондон (80.000 фунти седмично).
Малуда тренира со резервите за да не ја нарушува, макар и ненамерно, атмосферата во првиот тим. Французинот во Челзи дојде од Лион во 2007 година за 13,5 милиони фунти.

Најнови вести