Корисничко име Лозинка Пријави се
12.6.2012

Вилтор ја заврши кариерата

Силвајн Вилтор, некогашниот репрезентативец на Франција и играч на Нант, вчера рече дека ја завршува кариерата.

„Без оглед на неговата одлука за иднината, клубот му посакува сè најдобро“, стои на интернет-страницата на Нант.
Вилтор беше шампион на Европа со Франција во 2000 година, а во финалето постигна изненадувачки гол против Италија во самиот финиш на мечот.
Французите станаа шампиони со златниот гол на Давид Трезеге во продолжението.
Вилтор, кој има 38 години, во текот на кариерата настапуваше за Рен, Бордо, Арсенал, Лион и Марсеј.
Со Бордо и Лион беше шампион на Франција, додека со Арсенал во 2002 и во 2004 година ја освои Премиер лигата.
Тој кариерата ја заврши во францускиот второлигаш Нант.

Најнови вести