Корисничко име Лозинка Пријави се
24.4.2012

Боатенг и Силва почнаа со тренинзи

Играчот за врска Кевин-Принс Боатенг и одбранбениот фудбалер Тијаго Силва се појавија на тренингот на Милан.

Боатенг конечно закрепна од проблемите на бутниот мускул и не беше во конкуренција за настап дури од натпреварот со Барселона во Лигата на шампионите.
Бразилецот, пак, не беше дел ни на двата меча против каталонскиот клуб откако се повреди на воведните минути од натпреварот со Рома одигран на 24-ти март.
Сепак и двајцата фудбалери тренираа вчера заедно со своите соиграчи и без проблеми го одработија тренингот во целост.
По ремито со Болоња, Милан има многу мали шанси да ја одбрани титулата бидејќи Јувентус веќе има предност од три бода, но до крајот има уште пет кола, а тренерот Масимилијано Алегри планира и двата играчи да бидат во првиот тим за мечот со Џенова, кој ќе се игра утре на „Сан Сиро“.

Најнови вести