Корисничко име Лозинка Пријави се
25.2.2012

Конор на клупата на Вулверхемптон до крајот на сезоната

Тери Конор, ќе седи на клупата на Вулверхемптон до крајот на сезоната, потврдија од клубот.

На почетокот на февруари Конор, поради низата слаби резултати, го наследи Мик Мекарти на клупата на „волците“, а дотогаш работеше како негов помошник.
Оттогаш медиумите на островот споменуваа еден куп имиња како можни наследници на Мекарти, но клубот со ниту еден од нив не успеаја да постигне договор за соработка, па го ангажираа Конор да го предводи клубот во борбата за премиерлигашки опстанок.
Вулверхемптон, во моментот се наоѓа во зоната за испаѓање на осумнаесеттото место на табелата со освоени дваесет и еден бод, по одиграни дваесет и пет натпревари.