Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2018

Кореjа победи, Тотенхем слави

Фудбалерот на лондонските Спарси, Сон, избегна служење на воен рок

Репрезентацијата на Јужна Кореја го освои златниот медал на Азиските игри, и со тоа фудбалерот на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, како заслужен граѓанин, ќе добие дозвола да не служи воен рок. Ако Корејците загубеа, Сон ќе требаше да оди во војска, а во Кореја се служи 21 месец. 

Сон кој игра во Премиерлигата и добро заработува, не сакаше да оди во војска. Тој има 26 години, а единствениот начин да избегне служење кон татковината е медал на Олимписки игри, или злато на натпреварувања како Азиските игри. 

Во финалето, Јужна Кореја ја совлада Јапонија со 2:1, дури по продолженија. Головите за победа паднаа во 93 и 101 минута, а играчот на Тотенхем не даде гол, но како капитен, имаше голема заслуга во триумфот. Во составот на Јапонија, сите играчи беа на возраст до 21 години. Јапонците за првпат после 2016 година, одиграа меч со почетните 0:0. 

Сон нема да му се приклучи на Тотенхем во следните две недели, а наредната недела треба да игра за сениорската репрезентација на Кореја, на пријателските мечеви со Костарика и Чиле. 

Англиските медиуми пишуваа дека и да загубеше Кореја, Сон ќе можеше да избегне служење војска, доколку репрезентацијата со него освоеше злато на Азискиот куп во јануари 2019 или медал на ОИ во Токио 2020.