Корисничко име Лозинка Пријави се
31.8.2018

Ангеловски го повика Тошевски како замена за повредениот Адеми

Селекторот на Македонија се одлучи отсуството на Адеми да го пополни со дефанзивец, наместо со играч од средниот ред

Фудбалерот на Вардар, Кристијан Тошевски, доби повик од селекторот Игор Ангеловски за натпреварите против Гибралтар и Ерменија во Лигата на нациите. Дефанзивецот доаѓа на местото на Аријан Адеми, кој се повреди и ќе паузира во наредниот месец.

Ангеловски се одлучи празното место да го пополни со играч од дефанзивата, бидејќи, според него, средниот ред е добро покриен, додека сè уште не се знае дали Дарко Велковски ќе биде подготвен и здрав да одигра цел меч, откако го пропушти стартот на сезоната во Риека.

Првиот натпревар Македoнија го игра на гости во Гибралтар на 6-ти септември, додека три дена подоцна нашата селекција ќе ја пречека репрезентацијата на Ерменија.

Најнови вести