Корисничко име Лозинка Пријави се
30.8.2018

Билетите за Македонија - Ерменија чинат по 100 и 150 денари

На првиот меч во Скопје во Лигата на нациите, нашата репрезентација треба да има голема поддршка од публиката

Македонската фудбалска репрезентација се надева дека преку новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нациите, ќе успее за прв пат да се пласира на Европското првенство 2020 година. Походот во Лигата на нациите на домашен терен ќе започне на 9-ти септември. Противник на арената „Филип Втори“ ќе биде селекцијата на Ерменија. 
Од Фудбалската федерација на Македонија соопштија дека од понеденик (3-ти септември) ќе бидат пуштени во продажба билетите за овој натпревар. Билетите ќе се продаваат по популарна цена од 100 и 150 денари. По 100 денари ќе бидат билетите за Јужната трибина, додека 150 денари ќе чини влезот на Север. 
Пред средбата во Скопје против Ерменија, Македонија на 6-ти септември ќе гостува кај Гибралтар, во првиот меч од квалификациите во Лигата на нациите. 

 

Најнови вести