Корисничко име Лозинка Пријави се
29.8.2018

Македонија го објави списокот за првите дуели во Лигата на нациите на УЕФА

Стартуваме против Гибралтар на гости на шести септември, а три дена подоцна на арената „Филип Втори“ ќе го пречекаме Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација во добро познат состав ќе ги почне мечевите од Лигата на нациите, која стартува следниот месец. Ова е ново натпреварување на европската куќа на фудбалот, кое ќе носи пласман на континенталниот собир во 2020 година. 
Најпрво ќе играме против Гибралтар на гости на шести септември, а три дена подоцна на арената „Филип Втори“ ќе го пречекаме Лихтенштајн. 
Селекторот Игор Ангеловски за овие два натпревари се реши за добро познати имиња, а во однос на последниот список, повратник е дефанзивецот Мите Цикарски.  
Голмани: Столе Димитриевски, Давид Митов Нилсон
Одбрана: Стефан Ристовски, Висар Муслиу, Егзон Бејтулаи, Кире Ристевски, Дарко Велковски, Мите Цикарски.
Среден ред: Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Бобан Николов, Елиф Елмас, Езџан Алиоски. 
Напад: Горан Пандев, Илија Несторовски, Александар Трајковски, Иван Тричковски. 

 

Најнови вести