Корисничко име Лозинка Пријави се
09.8.2018

Кутињо ќе ја носи „седмицата“ во Барселона

Кроена за Луис Фиго, Давид Вилја, чувана за Антоан Гризман, сепак ќе ја носи Кутињо

Култниот број 7 во Барселона има нов „газда“, Фелипе Кутињо го зеде бројот кој беше наменет за Антоан Гризман. „Седмицата“ беше резервирана за Французинот, Каталонците шест месеци се надеваа дека ќе го убедат да се пресели на „Камп ноу“, но тој одлучи да остане верен на Атлетико Мадрид.

Сепак, овој посебен број повторно ќе излезе од ормарот и повторно ќе сјае, само на грбот на Кутињо. При пристигнувањето во Барса во јануари, Бразилецот се одлучи за бројот 14, „седмицата“ беше зафатена од Арда Туран, кој набрзо потоа замина во турското првенство.

Сега Кутињо ќе има задача да ги оправда квалитетите и да докаже дека е достоен да го носи овој број, кој во последните дваесетина години беше во сопстеност на легендарни имиња.

1995-2000 Луис Фиго
2000-2001 Алфонсо Перез
2001-2004 Хавиер Савиола
2004-2006 Хенрик Ларсон
2006-2010 Ејдур Гудјонсен
2010-2013 Давид Вилја
2013-2015 Педро 
2015-2018 Арда Туран

Најнови вести