Корисничко име Лозинка Пријави се
29.3.2018

Левандовски бара Баерн да го пушти во Реал Мадрид

Роберт Левандовски, еден од најдобрите напаѓачи на светот, од управата на Баерн побарал налето да го пушти да оди во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

„Даирио АС“ пренесува дека Полјакот сака да направи трансфер во мадридскиот клуб иако управата од Минхен порача дека не сака да го продаде напаѓачот.
Левандовски, кој има 29 години, неодамна го промени агентот и сега го застапува Пини Захави, кој е познат по тоа дека лесно ги завршува трансферите.
Карл-Хајнц Румениге, генералниот директор на Баерн, претходно во текот на оваа седмица изјави дека Левандовски илјада отсто останува во клубот и по Светското првенство во Русија.
„АС“ пренесе дека минхенскиот клуб како потенцијални замени ги гледа Алваро Мората, Тимо Вернер и Единсон Кавани.

Најнови вести