Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2018

Салах ќе го руши рекордот на Нејмар

Барселона, ПСЖ и Реал Мадрид се подготвени налето да го соборат светскиот рекорд и за 225 милиони евра да го доведат Мохамед Салах, најдобриот играч на Ливерпул.

Доколку се оствари трансферот, Салах за три милиони евра би го надминал рекордот на Бразилецот Нејмар да Силва, кој минатото лето од Барселона направи трансфер во ПСЖ.
Британските медиуми пишуваат дека Ливерпул засега нема намера да се откаже од Салах, тоа им го порача на ривалите Манчестер сити и Јунајтед, но дека би ги разгледал понудите од странство.
Салах е одличен откако од Рома направи трансфер во Ливерпул и моментно е најдобар стрелец на Европа со 28 постигнати голови во Премиер лигата, додека во сите натпреварувања вкупно 36 пати ја затресе мрежата и имаше 12 асистенции.
Египќанецот настапуваше за Фиорентина, Челзи, Базел, а во татковината за Ел Мокавлун.

Најнови вести