Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2018

Валверде најмногу загрижен за Иниеста

Настапот на Иниеста во реванш-натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи е под голем знак прашалник.

Повредата која Андрес Иниеста ја здоби на натпреварот против Атлетико Мадрид минатиот викенд би можела да ѝ зададе големи маки на Барселона.
На „Камп ноу“ стравуваат дека искусниот играч за врска нема да закрепне за дуелот со Челзи, кој на програмата е во вторник.
Како што дознава „Марка“, одлуката дали ќе настапува ќе биде донесена во последен час.
Во првата средба на „Стемфорд бриџ“ немаше победник, резултатот беше 1-1, „сините“ оставија многу подобар впечаток, но поради една грешка не победија.
Во поновата историја се создаде голем ривалитет меѓу Барселона и Челзи поради меѓусебните дуели кои беа многу напнати. Андрес Иниеста беше јунак на еден од нив и неговиот гол во продолжението ги одведе Каталонците во финалето на Лигата на шампионите во 2009 година, по што го освоија третиот трофеј во клупската историја.

 

Најнови вести