Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2018

Емери: „Судијата да беше поискрен, можеби и ќе победевме“

Унаи Емери, тренерот на ПСЖ, беше лут на судиите по поразот од Реал Мадрид со 3-1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Реал изедначи од пенал откако Ло Селсо го собори Крос, во второто полувреме ПСЖ бараше пенал бидејќи топката го погоди Рамос во раката, но судијата ништо не досуди.
„Измешани ми се чувствата. Голот за 1-1 ги засили по една проблематична судиска одлука. Деталите не ни помогнаа... Потоа бевме подобри со топката, имавме контрола и сакавме да дадеме втор гол. Уште една одлука на судијата за која може да се расправа им даде охрабрување и тие го искористија тоа. Ми кажаа дека топката можеби Рамос го погодила во раката. Не видов, но така ми рекоа. Ако го доделеше првиот, тогаш ова ќе беше втор пенал. Тоа е твоја работа и ако беше пенал, мораш да го досудиш. Мислам дека многу нè чинеа одлуките на судиите“, изјави тренерот на ПСЖ.
Иако резултатот не му е по волја, Емери изјави дека верува во неговиот тим.
„Реал може да наштети со брзите контри, но да бевме попрецизни или судијата да беше малку поискрен, можевме да одиграме нерешено или дури да ги победиме. Тие се фаворити бидејќи се бранители на титулата, освоија три од последните четири натпреварувања во Лигата на шампионите, но ние имаме способност да ги совладаме“, додаде Емери.
„Конечниот резултат очигледно не е баш позитивен, но можеме да се вратиме. Мојот тим играше многу добро, во таа смисла сум задоволен, но резултатот прави работите поинаку да се согледаат. Мораме да бидеме оптимисти и во реваншот да играме како сега“, изјави Емери.
Вториот натпревар на програмата се игра на шести март во Париз.

 

Најнови вести