Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2018

Рамос: Кралот никогаш не смеете да го сметате за мртов

Серхио Рамос, капитенот на Реал Мадрид, имаше јасна порака по победата на неговиот тим над ПСЖ во Лигата на шампионите.

Кралскиот клуб го совлада ПСЖ со 3-1 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, во дербито кое ја обележа оваа фаза од натпреварувањето.
„Реал Мадрид никогаш не смее да се смета за мртов. Пред нас има многу денови за паметење, а тоа има врска со нашиот карактер. Ова беше важна победа за враќање и мораме да продолжиме со тоа темпо. Сериозно сакаме да го одбраниме трофејот во Лигата на шампионите“, изјави Рамос.
Дефанзивниот играч додаде дека сите екипи играле многу добро во одбраната.
„Секоја грешка водеше до опасен напад на ПСЖ, затоа беше потребно да задржиме високо ниво на концентрација. Бевме поефективни од претходно. Направивме важен чекор, но не е сè завршено“, додаде капитенот на Реал.
Тој во второто полувреме го спаси голот по ударот на Рабио, но се чинеше како топката да го погоди во раката.
„Ме погоди во градите, па во раката. Немав намера да играм со рака“, изјави Рамос.

Најнови вести