Корисничко име Лозинка Пријави се
22.12.2011

Нови главоболки за Фергусон

Манчестер јунајтед во понатамошниот тек на сезоната ќе мора да продолжи без услугите на дефанзивниот играч Фил Џонс, како и крилниот напаѓач Ешли Јанг, кои се повредија на натпреварот против Фулам.

Репрезентативците на Англија завршија со повреди по фантастичната победа од 5-0 на „Крејвен котиџ“ во западен Лондон.
Џонс заработи фрактура на вилицата во еден дуел со противничкиот фудбалер Клинт Демпси и беше заменет со Ешли Јанг, кој набргу во дуел со Диксон Етуху заработи повреда.
„Стартот над Ешли беше многу агресивен и јас тоа ќе сакам да го видам уште неколку пати на снимките“, рече Алекс Фергусон за англиските медиуми и додаде:
„Фулам играше многу грубо во второто полувреме, а ние плативме со повредата на Јанг. Како што стојат работите, без него ќе бидеме најмалку две до три седмици. Што се однесува до Фил, тој беше удрен со лакот од страна на Демпси и јас не верувам дека тоа беше ненамерно. Двајцата фудбалери денес ќе бидат испратени на рендген, но како и да е, ситуацијата не изгледа баш најдобро. Се соочуваме со голем број повредени фудбалери“.
За неколку дена „црвените ѓаволи“ пред своја публика ќе го пречекаат Виган, тим кој на последните два првенствени натпревари со Челзи и Ливерпул успеа да извлече реми.

Најнови вести