Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2017

Кејн: Среќни сме, напредуваме како тим

Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, по освоениот бод во Мадрид, изјави дека неговиот тим е среќен со исходот и дека ваквиот резултат покажува дека напредуваат.

„Среќни сме. Знаевме дека тие ќе имаат свои шанси, но игравме добро и прилично ги намачивме. Бодот на ‘Сантијаго Бернабеу’ е добар и ако некој би ни го понудил, би го прифатиле“, изјави Кејн.
„Овој резултат покажува колку напредуваме како клуб“, додаде напаѓачот на Тотенхем.
Реал Мадрид и Тотенхем одиграа 1-1 во третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите,  а одличен натпревар за кралскиот клуб одигра и голманот Кејлор Навас.
„Мислам дека направив сè како што требаше, со тоа што Навас одлично реагираше и го одбрани мојот удар“, додаде Кејн.
Тотенхем има седум бодови од првите три натпревари и според зборовите на Кејн, се наоѓа во добра позиција.
„Ваквиот резултат нè става во добра позиција, бидејќи ќе играме со Реал во наредното коло во Англија. Овие седум бодови покажуваат дека успеваме да се носиме со целата ситуација“, изјави Кејн.

Најнови вести