Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2016

Зидан: Ваквата игра не води никаде

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан е загрижен и покрај победата над Лас Палмас со 2-1 во 29-тото коло во Примера.

„Важно е што одиме дома со три бодови, но загрижен сум поради начинот на кој игравме во второто полувреме. Ми пречи тоа, но денес ќе го анализираме натпреварот“, изјави Зидан.
Лас Палмас изедначи во 87-та минута, но минута подоцна Каземиро му го донесе триумфот на Реал.
„Не мислам дека резултатот не е фер, постигнавме голови од прекин, но и тие се дел од фудбалот. Фудбалерите на Лас Палмас играа одлично, нè намачија“, додаде Французинот.
На прашањето дали неговиот тим беше деконцентриран, Зидан одговори:
„Не размислувавме за Лигата на шампионите, играчите мислеа само на своите задачи. Сепак, мораме многу подобро од ова, тоа е очигледно, со ваква игра не одиме никаде. Тоа е сè што можам да кажам“.
Реал во моментов го зазема третото место на табелата во Примера со 63 бодови, четири помалку од Атлетико и 12 од Барселона.

Најнови вести