Корисничко име Лозинка Пријави се
31.12.2015

Роналдо е најдобриот стрелец на 21-от век

Речиси на секој натпревар на која игра, Кристијано Роналдо соборува некој рекорд.

Таква беше и ситуација на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Реал Сосиедад, во 17-тото коло на шпанската Примера.
Реал поведе во 42-та минута преку Роналдо, кој беше прецизен од белата точка и така се искупи за неуспешниот пенал десетина минути порано.
Португалецот го постигна својот 513-ти погодок во кариерата и така стана најдобар стрелец во 21-от век!
Сосиедад на почетокот на второто полувреме изедначи со спектакуларниот гол на Брума, но Роналдо постигна уште поубав со што само го зголеми својот резултат на 514.
Момчето од островот Мадеира во 2015 година се запиша 57 пати меѓу стрелците на исто толку настапи. Во Примера стаса до 14-тиот гол, додека во Лигата на шампионите има три помалку, а интересно е дека досега постигна околу 50 голови од пенал во шпанското првенство.

Најнови вести