Корисничко име Лозинка Пријави се
19.2.2014

Ристевски не го заврши велеслаломот

Антонио Ристевски, македонскиот олимписки претставник во Сочи, не оствари пласман на велеслаломската трка на Зимските олимписки игри 2014 откако денес не го заврши првото возење.

Македонскиот олимпиец по првата мерна точка заостануваше со 1.32 секунди зад водечкиот Лигети, а потоа невнимателно излета од патеката и поради тоа не успеа да оствари пласман во велеслаломот во конкуренција од 109 скијачи.
Ристевски главно е посветен на слаломската трка, за која обезбеди и А норма, а таа на програмата е во сабота на 22-ри февруари.
По првото возење во велеслаломот, лидер е Американецот Тед Лигети, а по него се Баник од Чешка и Италијанецот Давиде Симончели.