Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2013

Кварежма во Ал-Ахли

Рикардо Кварежма, 29-годишниот португалски фудбалер и поранешен член на Барселона, Интер, Порто и кратко на Челзи, потпиша за клубот од Обединетите Арапски Емирати – Ал-Ахли.

Иако сè уште нема полни 30 години, Кварежма се одлучи да замине во егзотична лига, поточно се реши да тргне по пари. Која друга причина може да постои фудбалер кого пред сè, Барселона своевремено го препозна како талент да се одлучи на 29 години да игра во Обединетите Американски Емирати.
Кварежма на крајот на минатиот месец договорно ја раскина соработката со турскиот гигант Бешикташ поради неможноста да се прилагоди на животот во Истанбул.
За португалската репрезентација од 2003 година собра 35 настапи.

Најнови вести