Корисничко име Лозинка Пријави се
14.4.2012

На Роналдо му се заканува суспензија, ќе одмори против Хихон?

Кристијано Роналдо, напаѓачот на Реал Мадрид, би можело да го пропушти „Ел класико“ доколку добие жолт картон против Спортинг Хихон. По убедливата победа против Атлетико Мадрид, следи уште еден голем испит за „кралскиот клуб“ пред големото дерби со Барселона.

Реал Мадрид на својот „Сантијаго Бернабеу“ го дочекува Хихон, кој минатото коло го совлада Леванте, а Кристијано Роналдо поради страв да не заработи картон би можело да го пропушти тој натпревар.
Сега останува да се види дали Мурињо би го ставил во игра на овој меч, а знаејќи ја недовербата на Португалецот кај судиите, станува сè поизвесно дека најдобриот играч на мадриѓаните овој викенд ќе биде на клупата.

Најнови вести