Корисничко име Лозинка Пријави се
03.3.2012

Барселона десет дена без Абидал

Барселона, европскиот фудбалски шампион, соопшти дека дефанзивниот играч Ерик Абидал ќе паузира најмалку десет дена поради повреда на колкот.

Репрезентативецот на Франција се повреди во средата на пријателскиот натпревар против Германија. Тој поради оваа повреда ќе мора да ги пропушти натпреварите од шампионатот на Шпанија против Спортинг Хихон и Сантандер, како и дуелот со Баер Леверкузен од Лигата на шампионите.
Во досегашниот тек на сезоната Абидал за каталонскиот клуб одигра триесет и шест натпревари и постигна еден гол. За работите да не се најдобри за Пеп Гвардиола, на овој меч тие ќе бидат и без услугите на Лионел Меси, кој поради жолти картони ќе мора да паузира на овој натпревар. Барселона се наоѓа на второто место на табелата, со десет бодови помалку од лидерот Реал Мадрид.

Најнови вести