Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2012

Гранада го отпушти тренерот

По три првенствени порази во низа, челниците на шпанскиот прволигаш Гранада го отпуштија 56-годишниот тренер Фабрисијано Гонзалес.

Во оваа календарска година „андалузијците“ нанижаа порази од Реал Мадрид (5-1), Рајо Валјекано (2-1) и Еспањол (3-0) и паднаа на 17-тото место на табелата на Примера лигата.
„По вчерашниот состанок меѓу спортскиот директор Хуан Карлос Кордеро и Фабрисијано Гонзалес одлучивме да го раскинеме договорот со тренерот, што беше болна одлука за членовите на управата. Гранада му се заблагодарува на господинот Гонзалес, кој влезе во историјата на клубот со тоа што го донесе од третата во првата лига“, стои во клупското соопштение.
На Гонзалес Гранада му беше единствена самостојна тренерска работа во кариерата. Клубот од југот на Шпанија го презеде во март 2010 година, додека сè уште беше во третата лига, и во рекорден рок го доведе до Примера лигата.

Најнови вести